Зелен чај и неговото полезно дејство
Корисен ефект зелениот чај има и врз имунолошкиот систем па поради оваа причина, нациите кои традиционално редовно пијат зелен чај, се помалку склони кон малигни заболувања.

Зелениот чај во азиските земји се пие со векови, а сега поради неговите извонредни ефекти, станува употреблив во целот свет. Многубројните ефекти што ги има зелениот чај врз нашиот организам условени се од низа активни супстанции кои се наоѓаат во него. Кофеинот е една од нив а тој влијае пред сè на нивото на будност, што е последица од будењето на активноста на мозокот. Антиоксидантното дејство на зелениот чај се должи на присуството на витамините Ц и А но и на супстанциите како што се катехини и полифеноли.
Корисен ефект зелениот чај има и врз имунолошкиот систем па поради оваа причина, нациите кои традиционално редовно пијат зелен чај, се помалку склони кон малигни заболувања.
Зелениот чај исто така го зголемува нивото на добриот холестерол (HDL) па како резултат на тоа се забрзува метаболизмот и ја намалува телесната маса, што придонесува помало оптоварување на кардиоваскуларниот систем и подобрена физичка кондиција. Со намалување на мастите и холестеролот се намалува ризикот од настанување на атеросклероза и подобрување на системот за циркулација, што пак дирекно го намалува ризикот од кардиоваскуларни и цереброваскуларни болести.
Препорачливо е во текот на денот да испиете барем една шолја зелен чај, но не доцна навечер за да се избегне несоница она што е најважно да го знаете е да не го подготвувате со зовриена вода, туку барем еден степен помалку од вриење, со цел да се зачуваат корисните супстанции во него. Филтерот треба да се покрие кратко да отстои и да извади. Зелениот чај се препорачува и за тие што сакаат да имаат здрава кожа и лице.
Катерина Стојановска Десковска
