Македонија

40-годишен кумановец го убил својот татко

12.01.2023 16:41

Осомничениот веднаш бил приведен од полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Куманово.

Четириесетгодишен кумановец со остар предмет попладнево го нападнал својот 65-годишен татко, кој веднаш им подлегнал на повредите. Настанот се случил околу 15 часот во населбата „Иго Тричковиќ“.

Осомничениот веднаш бил приведен од полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Куманово.

Надлежните екипи вршат увид на местото на настанот. Од полицијата укажуваат дека работат на расчистување на случајот.