Шаќири: Изгубените часови може ќе се одработуваат
Нема целосна работна недела, се работи за два односно три работни дена за одредени ученици. Требаше да се почне во среда, четврток е празник, да се продолжи во петок. Заради подобро функционирање на училиштата, одлучивме да се почне од понеделник, истакна Шаќири.

Поради пролонгирањето на зимскиот распуст, се разгледува можност овие неколку дена да се одработат на крајот од учебната година, соопшти министерот за образование Шаќири.
Нема целосна работна недела, се работи за два односно три работни дена за одредени ученици. Требаше да се почне во среда, четврток е празник, да се продолжи во петок. Заради подобро функционирање на училиштата, одлучивме да се почне од понеделник, истакна Шаќири.
Во однос на загубените наставни часови во првото полугодие во училиштата каде што беа пратени пораки за наводно поставени бомби, тој рече дека онлајн настава не е решение на проблемот бидејќи учениците повторно ќе треба да се вратат во училиштата и очекува сторителите да бидат откриени.
Затоа инсистирам докрај за физичко присуство на настава и побрзо да се најдат виновниците на лажните дојави за бомби, изјави Шаќири.
