Регион

Потврдени случаи на „Кракен“ во Грција

12.01.2023 18:10

Според Националната организација за јавно здравје на Грција, сите случаи, што воедно се и првите потврдени во земјата, се во областа Атика, поширокиот регион на Атина.

Во Грција се потврдени шест случаи на новиот сој на коронавирусот ХББ.1.5, познат под името „Кракен“.

Според Националната организација за јавно здравје на Грција, сите случаи, што воедно се и првите потврдени во земјата, се во областа Атика, поширокиот регион на Атина.

Новиот сој на коронавирусот „Кракен“ најверојатно веќе е присутен и во Србија. Српските епидемиолози и виролози предупредија дека во наредните денови тестовите на крвта може да покажат дека најзаразната варијанта на коронавирусот, пристигнала во Србија.