Гранит и Бетон- подизведувачи за новите автопати
01.05.2014 14:52
Компаниите соопштија дека потпишале договор со кинескиот инвестиор „Sinohydro Corporation Limited Beijing“...

Градежните компании Бетон и Гранит ќе работат како подизведувачи на автопатската делница Миладиновци -Штип , а Гранит ќе работи и на изградбата на автопатот Кичево – Охрид. Компаниите соопштија дека потпишале договор со кинескиот инвестиор „Sinohydro Corporation Limited Beijing“. Бетон ќе го гради првиот пакет од автопатот Миладиновци -Штип.
Компанијата преку Македонска берза извести дека потпишала договор за подизведувачки градежни работи со скопската подружница на кинеската компанија „Sinohydro Corporation Limited Beijing“ , која ќе го гради автопатот. Вкупна вредност на договорените еаботи со платен данок на додадена вредност изнесуваат 91.617.682 евра.
Претходно и градежната компанија Гранит соопшти дека ќе гради дел од овој автопат, но ќе учествува во изградба и на автопатот Кичево-Охрид. За проектот Миладиновци – Свети Николе – Штип оваа компанија ќе добие 32.553.493 евра, додека за автопатот Кичево – Охрид договорени се работи во нето вредност од 99.668.949 евра.
