Регион

Црна Гора на прагот на епидемија на морбили

12.01.2023 19:44

Мали сипаници – морбили, кои се појавија во регионот, се една од најзаразните болести, а само едно инфицирано лице ќе го пренесе вирусот на 12-18 ранливи, објасни епидемиологот Милена Поповиќ Самарџиќ.

Црногорскиот Институт за јавно здравје денеска уште еднаш апелираше до родителите да ги вакцинираат своите деца со МРП вакцината, бидејќи, како што посочија од установата, државата е на прагот на епидемија.

Мали сипаници – морбили, кои се појавија во регионот, се една од најзаразните болести, а само едно инфицирано лице ќе го пренесе вирусот на 12-18 ранливи, објасни епидемиологот Милена Поповиќ Самарџиќ.

Човек се смета за ранлив доколку не е вакциниран или не прележал морбили.