Прво елитно градско финале во историјата!
„Му честитам на Ателтико. Пеналот за којшто ми рекоа дека е чист го реши мечот, до тогаш противникот не беше подобар. Но, на крајот Атлетико ги имаше голманот Куртоа и напаѓачот Коста кои направија разлика“, изјави Мурињо...

Автобусот на Мурињо е испратен на комплетен ремонт, Симеоне и Атлетико го надмудрија „сецијалниот“ и го надиграа Челзи и тоа на „Стемфорд Бриџ“ со 3:1, со головите на Адриан Лопез, на Диего Коста од пенал и на Арда Туран, иако домаќинот поведе со погодокот на Фернандо Торес. Затоа на 24 мај во Лизабон за највредната клупска титула ќе играат мадридските ривали Реал и Атлетико што ќе биде првото градско финале во историјата на Купот или на Лигата на шампионите и само второ шпанско, по она пред 14 години кога „кралскиот клуб“ во Париз ја совлада Валенсија со 3:0.
„Одигравме одлично, но она што особено ме радува е колективниот дух во екипата. Сите дадоа се од себе за да стигнеме до финелато. Беше тешко имамве голем апрелка пред себе, но тимот беше феноменален. Го заслуживме финалето“, беше расположен Диего Симеоне, тренерот на Атлетико којшто по четириесет години ќе го одигра второто елитно финале. Во 1974-та во Брисел, во првиот меч против Баерн беше 1:1, но по два дена на повторениот дуел исто така на „Хејсел“, Германците славеа со 4:0. И покрај задоволството од големиот триумф во реванш полуфиналето во Лондон, откако во Мадрид немаше голови, Аргентинецот на клупата на „црвено – белите“ не дозволува еуфорија. Причина за тоа е гостувањето на Атлетико кај Леванте. Со евентуална победа, мадриѓани ќе се доближат на само победа до домашната титула којашто ја чекаат 24 години.
И менаџерот на Челзи, Жозе Мурињо кој е првиот тренер кој е елеминиран во полифиналето четири сезони по ред, ја призна победата на Атлетико. „Му честитам на Ателтико. Пеналот за којшто ми рекоа дека е чист го реши мечот, до тогаш противникот не беше подобар. Но, на крајот Атлетико ги имаше голманот Куртоа и напаѓачот Коста кои направија разлика“, изјави Мурињо.
Со играта на „сините“ не беше задоволен Азар. „Оваа екипа не е формирана за да игра фудбал. Реално, Челзи може да игра само на контранапади, нешто слично како Реал против Баерн. Во второто полувреме против Атлетико моравме да бркаме гол и да напаѓаме, но веднаш се виде дека не можеме да направиме разлика. Сите очекуваат од мене се сам да направам, но тоа не е лесно. Во секој случај, ова ни е лекција за следната сезона“, беше искрен Белгиецот.
Шпанскиот фудбал е најуспешен во историјата на елитното европско натпреварување. Досега екипите од „Примера“ имаат 13 трофеи и уште 9 финалиња. Реал има девет пехари што е рекорд во Купот и Лигата на шампионите, додека Барселона освои четири.
