Временска прогноза
Променливо облачно со слаба магла по котлините
13.01.2023 08:11
Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 2, а максималната ќе достигне од 4 до 12 степени...

Времето денеска ќе биде променливо облачно со слаб ветер од северозападен правец. Попладне облачноста ќе се намалува.
Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 2, а максималната ќе достигне од 4 до 12 степени.
Во Скопје ќе биде променливо облачно, попладне со повеќе сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 8 степени.
