Почина ќерката на Елвис Присли, Лиза Мари Присли
Лиза Мари Присли, која исто така беше пејачка, во четвртокот итно била пренесена во болница...

Единственото дете на кралот на рокенролот Елвис Присли, почина на 54-годишна возраст. Лиза Мари Присли, која исто така беше пејачка, во четвртокот итно била пренесена во болница. Претходно била пронајдена како не реагира во нејзиниот дом во Калабасас, Калифорнија. Сè уште нема информации за причината за нејзината смрт.
Лиза Мари беше родена во 1968 година. Таа продолжи да ги следи стапките на нејзиниот татко и започна музичка кариера. Издаде три албуми, а нејзиниот деби албум во 2003 година беше продаден во стотици илјади примероци и доби генерално позитивни критики.
Лиза Мари имаше четири деца, меѓу кои е и познатата актерка Рајли Киу. Во 2020-година нејзиниот син Бенџамин Киу се самоуби.
Лиза последен пат во јавноста беше видена во вторникот вечерта на доделувањето на Златните глобуси во Беверли Хилс, каде присуствуваше заедно со нејзината мајка.
