Ранет припадник на затворската полиција, при грабнување на затвореник осуден за убиство
Затворската полиција била пресретната од неколку вооружени лица, комбето со кое се транспортирал затвореникот било застанато, имало пукање, полицаец е ранет...

Еден припадник на затворската полиција од К.П.У Идризово е ранет синоќа откако нивното возило било пресретнато и нападнато при транспорт на затвореник кој добивал лекарска помош.
Затворската полиција била пресретната од неколку вооружени лица, комбето со кое се транспортирал затвореникот било застанато, имало пукање, полицаец е ранет.
Затвореникот бил изваден и заедно со вооружените лица се дал во бегство. Акцијата за бегство била планирана. На тоа укажува фактот што вооружените лица точно знаеле кога ранетиот затвореник ќе биде спроведен во болница, го знаеле возилото, а иако непотврдено, веројатно имале и дополнителни информации како што се бројот на полицајци кои ќе го носат затвореникот на лекување и трасата на движење, соопштија медиумите.
Затвореникот неофицијално, сам си нанел рана, поради која барал лекување. Непознато и нејасно е дали била повикана Брза помош или тој директно бил транспортиран. Од МВР најавија информации во најкусо можно време. Акцијата за бегство на затвореникот и кај надлежните органи го остави сомнежот дека е координирана со лица од затворот, со оглед на информациите кои ги поседувале вооружените лица, изјавија медиумите.
