Европа

Голема полициска акција против организирани криминални групи

13.01.2023 09:38

Полициски и судски власти од Германија, Србија, Кипар и од Бугарија, поддржани од Европол и Евроџаст, презеле акција против организирани криминални групи вклучени во онлајн инвестициска измама...

Полициски и судски власти од Германија, Србија, Кипар и од Бугарија, поддржани од Европол и Евроџаст, презеле акција против организирани криминални групи вклучени во онлајн инвестициска измама.

Таа криминална мрежа, која се состои од голем број различни криминални актери кои работат преку центри за повици, ги намамувала жртвите да инвестираат големи суми пари во лажни шеми за криптовалути.

Според Европол, досега има 15 апсења, 14 во Србија и едно во Германија.