Здравство

Достигнат прагот на епидемиолошки влез во сезоната на грип

13.01.2023 10:02

Во првата недела од новата година пријавени се 821 случај на заболени од грип или за речиси 2 и пол пати повеќе од претходната недела – покажуваат последните податоци од Институт за јавно здравје...

Во првата недела од новата година пријавени се 821 случај на заболени од грип или за речиси 2 и пол пати повеќе од претходната недела – покажуваат последните податоци од Институт за јавно здравје.

За прв пат оваа сезона е достигнат прагот на епидемиолошки влез во сезоната на грип, стои во извештајот. Највисока инциденца е регистрирана кај децата до четири годишна возраст.

А најмногу заболени или 360 лица се на возраст од 15 до 64 години. Најмногу заболени се пријавени во Битола, Скопје, Кавадарци, Дебар и Гостивар.

Од почетокот на сезоната на грип заболеа 1751 граѓани, а починаа три лица, две од Скопје и едно од Штип со други заболувања, хоспитализирани и невакцинирани против сезонски грип.