Лепче со париче за Стара нова година и Василица
Ако според нашата богата духовна традиција во Скопскиот регион, за Бадник се бара паричката во лепчето во Пелагонискиот регион, паричката во мазник се бара на Стара нова година и Василица. Деновиве мазник се вртеше во работните организации, вечер тоа се прави со друштвото а утре во кругот на семејството. Од пекарите велат се прават илјадници мазници...

Во повеќе градови во земјава а посебно во Пелагонискиот регион вечер се слави Стара нова година, односно почетокот на православната година по јулијанскиот календар. Според духовната традиција друштвата го вртат мазникот со паричката. Велчо Петровски со своите најблиски пријатели ќе одбележи 45 години традиција. Иако на битолскиот боем му лежи меаната за овој ден посакува друг амбиент.
Мазникот со паричката присутен и на работните места. Адреналинот и желбата да се учествува се посилни и од верата што на мултиетничка Битола и дава едни поинакви вредности кога е во прашање соживотот.
Мини пекарите и бурекџилниците преблокирани со нарачки, велат гужвата се чувствуваше и кога имаше мајстори пекари, а не сега кога се малку.
Сепак повозрасните домаќинки сè уште не попуштаат. Утре изутрината ќе ги затегнат корите, за во една да го стават паричето и на Василица за ручек во кругот на семејството го одбележат празникот кој е значајна алка од духовната традиција.
Стевче Митревски
