Гужва на „Богородица“: Македонците за првомајските празници во Грција
Шопинг, прошетка, најчести одговори на прашањето –зошто македонските граѓани во толкав број, празниците ги поминуваат во соседна Грција. Само до пладнето границата ја поминале над 5 илјади патници. Освен Македонците, најчести патници – Србите. Преминот се одвива без застој...

Првомајски полн граничниот премин Богородица. Во изминативе 24 часа, најмалку 5 илјади македонски државјани заминале празниците да ги поминат во соседна Грција. Само вчера, од Македонија кон Грција преку овој граничен премин излегле 2.031 граѓанин, а денес од раните утрински часови до пладне околу две илјади. Некои на шопинг, некои на повеќедневна прошетка. Сите со различна агенда каде да се помине празникот.
„Одиме малце на шопинг во Солун... Во Солун одиме, ќе останеме три дена... Да друштво сме од 10 души и одиме во Полихроно“, велат анкетираните патници.
Рамо до рамо со македонските се српските државјани. Од граничната полиција ве,ат дека овие два дена имаат засилена фрекфенција на стрпски туристи кои патуваат кон Грција.
Поради поголемо присутство на организирани тури до Грција, денеска на граничниот премин Богородица работи засилено граничната полиција и со второлиниска контрола.
Граничната полиција поради зголемениот патнички сообраќај и големиот проток на туристи на помош ги имаше и полициските кучиња. И покрај долгите колони возила и автобуси, немаше застој на возилата, а граничната полиција работеше на сите пунктови.
Катерина Давчева
