ракомет

Вечерва првиот настап на ракометарите против Норвешка

13.01.2023 12:17

Репрезентацијата на Норвешка е една од фаворитите на Мундијалот и беше двапати по ред светски вицешампион во последниве шест години...

Ракометната репрезентација на Македонија вечерва со натпреварот против Норвешка ќе го отвори настапот на Светското првенство во Полска и Шведска. Репрезентацијата на Норвешка е една од фаворитите на Мундијалот и беше двапати по ред светски вицешампион во последниве шест години.

Натпреварот меѓу Норвешка и Македонија е закажан за вечерва во 20:30 часот. Дотогаш Лазаров ќе свика уште еден последен тренинг на кој ќе ги подели последните совети.