Скопје- празно за првомајските празници

01.05.2014 15:24

Дождливото и облачно време не им излезе во пресрет на оние кои сакаат да кампуваат...

Главниот град се испразни. Дождливото и облачно време не им излезе во пресрет на оние кои сакаат да кампуваат. Сепак, овој неработен ден е повод народот да го искористи за да избега од секојдневните обврски.

„Одиме на скара со дружтво... Ќе излеземе ќе се прошетаме, фамилијарно... Секоја недела одам на Водно, така што вообичаено денот ми тече... Утре ќе одиме на Водно, денеска мислев дека ќе има доста нород тука, ама гледам некако слабо има...“, велат случајно анкетираните граѓани.

Оние кои не се одлучија за прошетка во парк или излет, оваа година први мај ќе го одбележат во друштво на пријателите во некое од скопските кафулиња.

Секое утро на оваа улица има голем сообраќаен метеж. Денеска таа е полупразна. Голем дел од граѓаните заминаа во своите родни места. Останатите први мај ќе го минат во домашна атмосфера или на излет.

 

Сања Спиридонова