САД

Торнадо во САД, најмалку седум загинати

13.01.2023 14:49

Силниот ветер го прекинаа снабдувањето со електрична енергија на десетици илјади луѓе...

Најмалку седум лица загинаа, а неколкумина се повредени во налет на торнадо што го зафати централниот дел на американската сојузна држава Алабама. Силниот ветер го прекинаа снабдувањето со електрична енергија на десетици илјади луѓе. Се проценува дека околу 40 домови се уништени или оштетени.

Училишните системи во најмалку шест окрузи на Џорџија ја откажаа наставата. Националната метеоролошка служба издаде 33 одделни извештаи за торнадо, со неколку предупредувања кои сè уште се во сила за Џорџија, Јужна и Северна Каролина.