Меч топка за Сан Антонио, Торонто и за Портланд!
3:2 по вчерашните три НБА плеј - оф пресметки од првото коло. Во западната конференција Сан Антонио повторно поведе против Далас откако дома беше подобар со 109:103. „Спарс“ го контролираа целиот натпревар благодарение на Тони Паркер кој беше најефикасен со 23 поени и на тандемот Тим Данкан – Тиаго Сплитер којшто реалзираше двоен ефект, Данкан 16 поени и 12 скока и Сплиетр кој додаде кош повеќе.

3:2 по вчерашните три НБА плеј - оф пресметки од првото коло. Во западната конференција Сан Антонио повторно поведе против Далас откако дома беше подобар со 109:103. „Спарс“ го контролираа целиот натпревар благодарение на Тони Паркер кој беше најефикасен со 23 поени и на тандемот Тим Данкан – Тиаго Сплитер којшто реалзираше двоен ефект, Данкан 16 поени и 12 скока и Сплиетр кој додаде кош повеќе. Иако по подолго време одигра одличен плеј – оф меч Дирк Новицки со 26 поени и 15 скока, како и најпрецизниот на натпреварот со 28 кошеви Винс Картер, не му помогнаа на Далас да направи брејк. За да останат во игра „Маверикс“ ќе мора да слават на следниот дуел на којшто ќе бидат домаќини.
На „истокот“ , Торонто првпат дојде до предност во серијата со Бруклин откако врза два триумфа. 115:113 „тесна“ победа на „Репторс“ иако во текот на мечот има и 26 поени предност. Со серијата од 32:8, „Нетс“ стигнаа и од израмнување, но не успеаја да го сопрат извонредниот Кајл Ловри кој постигна 36 поени и е најзаслужен што Канаѓаните ќе имаат меч топка на шестиот натпревар на гостувањето во Њујорк.
Хјустон се спаси од елиминација затоа што беше поуспешен од Портланд со 108:98. Двајта Хауард со 22 поена и 14 скока ги предводеше „Рокетс“ до намалувањето на водството на „Трејлблејзерс“ на 3:2, но Портланд во шестиот меч ќе ја има предноста на домашниот паркет којашто може да биде клучна за пласман во второто коло од доигрувањето.
