Казни за трговците во Хрватска кои неоправдано ги зголемија цените
Пленковиќ денеска најави казни за трговците кои нема да ги вратат старите цени што неоправдано ги покачија при конверзија од куна во евро, кое на 1 јануари стана официјална валута во таа земја.

Премиерот на Хрватска, Андреј Пленковиќ денеска најави казни за трговците кои нема да ги вратат старите цени што неоправдано ги покачија при конверзија од куна во евро, кое на 1 јануари стана официјална валута во таа земја.
Тој на седницата на Владата рече дека тоа се однесува на тие кои неоправдано ги зголемиле цените при претворањето во евро и со тоа ја намалиле куповната моќ на граѓаните и нанеле штета на стопанството со зголемување на и така високата инфлација.
Исто така тој најави дека надлежните служби ќе ја зајакнат контролата на цените и ги повика граѓаните да продолжат да ги пријавуваат тие кои не ја почитуваат владината одлука да ги вратат цените на нивото кое важеше до 31 декември.
Освен казните, премиерот најави и можност за укинување на субвенциите за производителите на енергија.
