Свет

Експлодира гасоводот што ја поврзува Литванија со Летонија

13.01.2023 20:31

Гинтаутас Гегузинскас, градоначалник на регионот Пасвали, потврди за радио ЛРТ дека гасовод под висок притисок експлодирал во близина на автопатот Пасвалис-Саулиај.

Гасоводот што ја поврзува Литванија со Летонија експлодирал во областа Пасвалски во Литванија. Според првичните информации нема жртви или повредени.

Медиумите пренесуваат дека отворениот пламен достигнува 50 метри во висина.

Гинтаутас Гегузинскас, градоначалник на регионот Пасвали, потврди за радио ЛРТ дека гасовод под висок притисок експлодирал во близина на автопатот Пасвалис-Саулиај.

Нема станбени згради во близина, но никој не знае до каде ќе биде неопходно да се евакуираат жителите, рече Гегузинскас.

Според него, специјални служби работат на лице место, а сообраќајот е привремено во прекин.