Временска прогноза
Облачно со повремен локален дожд и умерен северен ветер
14.01.2023 08:10
Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремен локален слаб дожд, а на некои повисоки места и на планините од снег...

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремен локален слаб дожд, а на некои повисоки места и на планините од снег, претежно во северните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Минималните температури од-4 до 3 степени, максималните од 2 до 10 степени. Во Скопје ќе биде променливо облачно со слаб ветер од северен правец.
Минималната температура околу нулата, максималната 8 степени.
