Новина во Фонд за здравство
Фондот за здравство со новина во работа на матичните доктори, воведена електронска услуга за избор или промена на матичниот доктор, наместо како досега со хартиени обрасци, кои последните месеци и ги немаше...

Од почетокот на седмицата, Фондот за здравство воведе нова електронска услуга, електронски избор на матичен доктор. Ова доаѓа по реакциите на матичните доктори, дека има недостаток на хартиени формулари, „ИЛ“ образец. Поради тоа одреден број на пациенти изминатиот период, останале без здравствена услуга.
„Со воведување на оваа услуга им се олеснува работата на матичните лекари но и на осигурениците кога имаат потреба за избор или промена на матичен лекар. Матичните лекари веќе немаат потреба да набавуваат „ИЛ-обрасци“ во хартиена форма бидејќи услугата ќе им биде достапна постојано во електронска форма“, информираа од Фондот за здравство.
Оваа новина им овозможува на осигуреници да ја користат услугата при изборот, односно промената на матичниот лекар. Тие сметаат дека ова е позитивен чекор во нивната работата од административниот дел.
Од почетокот на годинава Фонд за здравство со уште едно решение по барањето на приватните доктори и стоматолози, им ги покачи капитациите по четири години преговори.
Петар Печков
