Клупата на Лејкерс прежешка за Д’Антони!
Формално, од раководниот борд на Лејкерс му се заблагодарија на Д’Антони и му посакаа среќа во иднина, но легендарниот Меџик Џонсон не беше толку куртоазен...

Мајк Д’Антони веќе не е тренер на Лејкерс. По неполни две сезони на клупата на 16-кратниот НБА шампион, ДАнтони беше принуден да си замине и тоа по сопствена желба. Причина за тоа се лошите резултати.
Екипата од Лос Анџелес по негово водство оствари негативен ефект од 67 победи и 87 порази. Иако голем дел од сезоната ги немаше на располагање повредените Коби Брајант, По Гасол и Стив Неш, 62-годишниот Д’Антони не успеа да ги однесе Лејкерс во плеј – офот што се случува само првпат во последните девет сезони или само третпат во 38 години. Лејкерс сезонава имаа биланс 27-55 што е најлош во последните 50 години.
Формално, од раководниот борд на Лејкерс му се заблагодарија на Д’Антони и му посакаа среќа во иднина, но легендарниот Меџик Џонсон не беше толку куртоазен.
„Среќните денови се вратија. Мајк Д’Антони поднесе оставка како тренер на Лејкерс. Не можам да бидам посреќен“, напиша на својот Твитер профил, големиот Меџик.
