Украина
Продолжуваат битките за Соледар и за Бахмут
14.01.2023 10:04
Украинскиот претседател Зеленски рече дека е знак за неуспех на Москва тоа што имало внатрешни руски расправии околу тоа кој е најодговорен за тактичкиот пробив во Соледар...

Украинскиот претседател Зеленски рече дека е знак за неуспех на Москва тоа што имало внатрешни руски расправии околу тоа кој е најодговорен за тактичкиот пробив во Соледар.
Рече дека тоа е уште еден поттик за да се врши уште поголем притисок врз окупаторот. Специјална единица на украинските сили објави фотографии за кои се вели дека потврдуваат дека е лага руското тврдење дека е заземен Соледар.
