Иран

Погубен поранешен заменик министер за одбрана

14.01.2023 10:05

Иран го погуби британско-иранскиот државјанин Алиреза Акбари, осуден на смрт под обвинение дека шпионирал за Велика Британија...

Иран го погуби британско-иранскиот државјанин Алиреза Акбари, осуден на смрт под обвинение дека шпионирал за Велика Британија. Велика Британија ја опиша смртната казна како политички мотивирана.

Акбари е обвинет дека за шпионажа примил 1.805.000 евра, 265.000 фунти и 50.000 долари. Акбари ги признал злосторства што не ги извршил за време на неколкумесечната тортура во притвор.

Иранските државни медиуми објавија видео во кое се вели дека покажува дека Акбари одиграл улога во атентатот во 2020 година на врвниот ирански нуклеарен научник Фахризаде, убиен во напад во 2020 година надвор од Техеран за што тогашните власти го обвинија Израел.