Бразил
Покрената истрага против Болсонаро
14.01.2023 10:06
Врховниот суд на Бразил отвори истрага против поранешниот претседател Болсонаро за наводно поттикнување антидемократски протести...

Врховниот суд на Бразил отвори истрага против поранешниот претседател Болсонаро за наводно поттикнување антидемократски протести кои завршија со упад на неговите поддржувачи во владините згради во Бразилија.
Илјадници приврзаници на Болсонаро го вандализираа Врховниот суд, Конгресот и претседателската палата минатиот викенд, сакајќи да предизвикаат хаос и воен удар што ќе го собори претседателот Луис Инасио Лула Да Силва.
