Во Ѕвегор со традиционалниот карневал се славеше „Сурова“
Традиционално, жителите на село Ѕвегор - Делчевско, го славеа првиот ден од новата година по стариот календар, со носење маски, обичај познат како „Сурова“, што значи зелена и здрава година. Овој обичај во минатото се практикувал во целиот Пијанечки регион...

Во делчевски Ѕвегор денес ечеше василичарскиот поздрав – „Сурова“, вековна традиција за овој ден кога со маски се бркаат злите духови од селото. За богата година, наутро се тропа со монети, а за растерување на неволјите се носат маски. Секоја година карневалот е свадбена поворка, а ликот на невестата не се открива до крајот на церемонијата.
Кума на овогодишната „Ѕвегорска Сурова“ е Елеонора Ивановска.
Според традицијата, маскираните учесници влегуваат во секој дом во Ѕвегор каде се даруваат, а веселбата завршува со вечера каде со лепче и паричка се избира кумот за наредната година.
Славица Величковска
