Кина

Речиси 60.000 луѓе со Ковид-19 починале за еден месец

14.01.2023 16:59

Кина соопшти дека речиси 60.000 луѓе со Ковид-19 починале во болниците откако државата ненадејно ја прекина политиката на нулта толеранција на коронавирусот на почетокот на декември...

Кина соопшти дека речиси 60.000 луѓе со Ковид-19 починале во болниците откако државата ненадејно ја прекина политиката на нулта толеранција на коронавирусот на почетокот на декември.

Директорката на Бирото за медицинска администрација при Националната здравствена комисија, Џиао Јаху рече дека 5.503 смртни случаи се предизвикани од респираторни проблеми поради Ковид-19, додека 54.435 се резултат на комбинација на коронавирус и други болести. 90,1 насто од починатите биле на возраст од над 65 години.