Лондон
Пукање во центарот на Лондон, ранети се три жени и едно девојче
14.01.2023 20:12
Во престрелката на погреб во Лондон повредени се четири лица, меѓу кои три жени и едно седумгодишно девојче...

Во престрелката на погреб во Лондон повредени се четири лица, меѓу кои три жени и едно седумгодишно девојче.
Во нив било пукано од автомобил кој во моментот на погребот минувал покрај црквата.
Три жени на возраст од 48, 54 и 41 година се пренесени во болница со повреди кои не се опасни по живот, а состојбата на девојчето сè уште не е позната. Се трага по напаѓачите.
