Временска прогноза

Сончево со мала до умерена облачност, во Скопје магливо

15.01.2023 09:06

Денеска во утринските часови во котлините ќе има појава на магла, а преку денот ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен јужен ветер...

Денеска во утринските часови во котлините ќе има појава на магла, а преку денот ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен јужен ветер.

Минималната температура ќе биде во интервал од-4 до 3, а максималната ќе достигне од 6 до 12 степени.

Во Скопје утрово ќе биде магливо, а преку денот сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 11 степени.