Првомајски протести низ светот!
01.05.2014 16:01
Демонстранти се собираат на улици ширум Азија – во Хонгконг, Џакарта, Куала Лумпур, Сингапур, Тајпеј и Сеул...

Десетици илјади луѓе излегоа денеска на улици во градови ширум светот за да го одбележат со протести Меѓународниот празник на трудот, а во Истанбул полицијата употреби водени топови и силзавец за да растера демонстранти.
Демонстранти се собираат на улици ширум Азија – во Хонгконг, Џакарта, Куала Лумпур, Сингапур, Тајпеј и Сеул.
Во Истанбул полицијата денеска растеруваше демонстранти кои се обидоа и покрај забрана за протести на Таксим да се соберат на годинишнината од судири кои прераснаа во повеќемесечни демонстрации во државата.
И во Камбоџа полицијата насилно растеруваше демонстранти во близина на Паркот на слободата во Пном Пен. Полицијата го затвори паркот со бодликава жица во обид властите да задушат протести против премиерот Хун Сен.
Руски работници планираат парада на Црвениот плоштад за првпат од 1991 година како последна советска советска традиција која сакаат повторно да ја оживеат во момент кога бран патриотизам ја зафаќа таа држава.
Индонезиската полиција соопшти дека во Џакарта очекува околу 40.000 работници,а синдикатите наведуваат дека околу два милиона работници со барање за подобрување на условите на работа.
Во Хонгконг околу пет илјади луѓе се приклучија на маршот од градскиот парк Викторија до седиштето на Владата, а едно од главните барања е адекватно работно време.
Малезиските органзиации соопштија за собири во Куала Лумпур против наглите скокови на цените.
Истовремено на Тајван на улици се очекуваат илјадници работници кои ќе маршираат до зградата на Министерството за труд каде ќе бараат зголемување на платите и забрана за компании да најмуваат евтина работна сила.
Во Сеул се очекуваат работници на собир пред градската железничка станица.
Во Сингапур противниците на владината имиграциска политика и ставови во поглед на работната сила ќе се соберат на демонстрации во паркот наменет за протести.
