Украина
Пронајдени фрагменти од ракета во Молдавија
15.01.2023 09:36
Молдавската гранична полиција пронајде фрагменти од ракета, за која се претпоставува дека е најверојатно од руските ракетни напади врз Украина...

Молдавската гранична полиција пронајде фрагменти од ракета, за која се претпоставува дека е најверојатно од руските ракетни напади врз Украина.
Тамошните власти изразија огорченост поради, како што наведоа, недостигот на почитување на суверенитетот на Република Молдавија и нејзиниот воздушен простор. Пет лица загинаа, а 27 се ранети откако руски проектил погоди станбена зграда во украинскиот град Дњепар.
Претседателот Зеленски рече дека руските напади можат да бидат запрени само доколку западните партнери ја снабдуваат Украина со неопходното оружје.
