Турција

Анкара: Не сме во позиција да го ратификуваме влезот на Шведска во НАТО

15.01.2023 09:38

Официјална Анкара соопшти дека „не е во позиција“ да го ратификува членството на Шведска во организацијата на Северноатлантскиот договор, и покрај чекорите преземени од Стокхолм за исполнување на условите на Турција.

Шведска и Финска се откажаа од децениската цврста воена неутралност и аплицираа за членство во НАТО по руската инвазија на Украина минатата година.

Турција и Унгарија се единствените членки на Алијансата кои сè уште не го ратификувале членството на двете нордиски земји во Парламентот.

Анкара тврди дека Шведска не исполнила голем број обврски што двете земји ги презедоа на Самитот на НАТО во јуни 2022 година.