Животна средина

Нуредини: Очекувам годинава да се фокусираме на долгорочните мерки за аерозагадувањето

15.01.2023 09:56

Со што поскора гасификација на државата ќе можеме трајно да го решиме проблемот – вели во интервју за МИА министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини...

Како Влада очекувам во 2023 година да се фокусираме на долгорочни мерки за аерозагадувањето, пред сè на изградбата на гасоводот. Со што поскора гасификација на државата ќе можеме трајно да го решиме проблемот – вели во интервју за МИА министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини.

Посочи дека дополнителни активности ќе бидат субвенциите што преку Министерството за економија ќе се даваат за стимулирање на користење на обновливи извори на енергија. Очекува оваа година поголема насока и кон секторот транспорт како извор на загадување.