1 Мај во Кучково - „Ден на крстот“
01.05.2014 16:07
Како и досега и годинава е предвидена е богата културна и спортска програма...

Традиционално за 1 Мај во селото Кучково се одржува манифестацијата „Ден на крстот“ во организација на Општина Ѓорче Петров.
Како и досега и годинава е предвидена е богата културна и спортска програма, а на сите гости бесплатно ќе им се дели војничко гравче, приготвено од првокласни готвачи од интендантската единица на АРМ.
Од општината информираат дека и овој пат ќе се играат старите селски спортски игри, како фрлање камен од рамо, сечење трупци, влечење јаже, носење јајце во лажица, тегнење со стап и уште многу други.
Општината Ѓорче Петров очекува дека оваа година бројката од десет илјади гости ќе биде надмината.
