Аерозагадувањето во Тетово повторно го надминува прагот
Ветер да дувне или дожд да заврне, ова е спасот од големото аерозагадување во Тетово. Така беше и изминатава недела кога по речиси два месеци висока концентрација на штетни ПМ-10 честички воздухот се расчисти по поројните дождови. Но аерозагадувањето деновиве повторно го надминува прагот...

Зголемен број на пациенти во тетовските амбуланти, поради високата концентрацијата на штетни ПМ честички. Се жалат на кашлица, отежнато дишење, токму поради загадениот воздух. Погодени, најранливите.
Секое слободно време при големо аерозагадување да го поминеме на планина и да ги наполниме белите дробови со кислород, советува доктор Исмаили.
Излетничките места Бањиче и Кале на тетовци им се на дофат, но таму рекреативците се реткост.
Планинарскиот водич Тони Јовановски од Тетово секој ден е на тетовското Кале. Мојот избор е планината, која носи здравје, вели тој.
На терен не се преземаат мерки за ублажување на состојбата со аерозагадувањето. Но, од Општина Тетово велат дека продолжуваат во континуитет со своите редовни активности, во насока на намалување на загадувањето на воздухот.
Пред две недели Тетово се најде на неславното прво место како најзагаден град во светот, со 5 пати поголеми концентрации на штетни материи во воздухот од дозволеното.
Зоран Димовски
