Животна средина

Долгорочни мерки за аерозагадувањето

15.01.2023 13:38

Годинава се фокусираме на долгорочни мерки за аерозагадувањето, пред сè на изградбата на гасоводот-вели министерот Нуредини во интервју за МИА. Ветува и проекти за надминување на загадувањето со транспортот. Треба долгорочно и системски да се работи за ублажување на загадувањето, порачаа еколозите...

За време на викендот Скопје меѓу десетте најзагадени градови во светот. Индексот покажува далеку повисоки параметри на ПМ 10 честички од дозволените. Екологистите велат во моментов не може да се реши аерозагадувањето, но може да се ублажи. Да се испита колку загадуваат и што емитуваат објектите со А и Б интегрирана дозвола. Од невладиниот сектор се со став – во деновите кога има големо загадување мора фирмите коишто се најголеми загадувачи да не работат или да го намалат интензитетот.

Државата годинава ќе се насочи кон долгорочни мерки за аерозагадувањето, пред сè на изградба на гасоводот како трајно решение изјави за МИА министерот за екологија Насер Нуредини.

Според екологистите од најавените проекти би требало годинава да очекуваме позитивни резултати во однос на намалување на аерозагадувањето, да не бидат ветерот и дождот главните прочистувачи на воздухот.

Елизабета Кузмановска