Македонија

Конференција „Економски предизвици во 2023: како да го одржиме економскиот раст и ја трансформираме економијата“

16.01.2023 08:33

Во Скопје денеска ќе се одржи конференција „Економски предизвици во 2023 година: како да го одржиме економскиот раст и ја трансформираме економијата“, во организација на Советот за унапредување на високото образование и стратешки истражувања, а во рамки на Стопанската комора на Северна Македонија...

Во Скопје денеска ќе се одржи конференција „Економски предизвици во 2023 година: како да го одржиме економскиот раст и ја трансформираме економијата“, во организација на Советот за унапредување на високото образование и стратешки истражувања, а во рамки на Стопанската комора на Северна Македонија.

Како што е најавено, на конференција обраќање ќе има премиерот Димитар Ковачевски, а во рамки на панел дискусиите ќе учествуваат гувернерката на Народна банка Анита Ангеловска-Бежоска, заменик на претседателот на Владата на Република Северна Македонија Фатмир Битиќи, министерот за економија Крешник Бектеши, министерот за финансии Фатмир Бесими како и претставници од бизнис заедницата.

Целта на конференцијата е на едно место да ги обедини креаторите и носителите на економски политики и претставниците на бизнис заедницата, овозможувајќи јавно-приватен дијалог и презентирање на различните видувања и предлог мерки за креирање на ефикасни економски политики.