Тетово

Продолжува судењето за пожарот во тетовската модуларна болница

16.01.2023 08:39

Денеска од 10 часот продолжува главната расправа од судскиот процес за обвинетите за пожарот во тетовската модуларна болница на 8 септември 2021 година во кој животите ги загубија 14 луѓе...

Денеска од 10 часот продолжува главната расправа од судскиот процес за обвинетите за пожарот во тетовската модуларна болница на 8 септември 2021 година во кој животите ги загубија 14 луѓе.

На последното рочиште на 27-ми декември 2022 претставниците на Основното јавно обвинителство Тетово ги презентираа насловите од писмените докази кои се доставени со обвинителниот акт до Судот, а денеска предвидено е да има вербални докази од сведоци кои се на предлог на обвинителите.

Судењето за пожарот што се случи на 8-ми септември 2021 кога животите ги загубија 14 луѓе, а десетина беа повредени почна на 7 декември 2022 откако од септември 2022 до тогаш судскиот процес беше неколку пати одложуван.