Пленковиќ: Победата на ВМРО-ДПМНЕ е чиста како солза

01.05.2014 13:20

Според него сега е време да се вложи силна динамика за брз почеток на пристапните преговори, како што веќе пет години по ред препорачува европската комисија...

Двојната победа на изборите на ВМРО-ДПМНЕ е чиста како солза. Тоа го покажуваат извештаите на меѓународните монитори, кои имаат ситни забелешки, изјави хрватскиот европратеник Андреј Пленковиќ. Според него сега е време да се вложи силна динамика за брз почеток на пристапните преговори, како што веќе пет години по ред препорачува европската комисија.

Пленковиќ, кој како пратеник на Хрватската демократска заедница е дел од Европските народни партии и еден од највлијателните во Комитетот за надворешни работи на Европарламентот, со критика до опозициската СДСМ.

„Непризнавањето на резултатите на последните парламентарни избори во Македонија, но дури откако учествуваа на нив, најавата за враќање на мандатите, а без ниту една пријава до Државната изборна комисија, се чини е потег со кој Социјал-демократите сакаат сите околу себе да ги направат наивни. Зарем мислат дека македонскиот народ, но и ние во Европската унија, така лесно ќе го проголтаме она што се обидуваат да ни го сервираат?“, смета Пленковиќ.