МТСП
МТСП: 19 јануари неработен ден
16.01.2023 13:26
19 јануари 2023 година (четврток), Богојавление (Водици), е неработен ден за граѓаните од православната вероисповед во Република Северна Македонија...

Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно со Законот за празниците на РМ („Службен весник на РМ“ бр. 21/98 и 18/07), 19 јануари 2023 година (четврток), Богојавление (Водици), е неработен ден за граѓаните од православната вероисповед во Република Северна Македонија.
Истовремено, Министерството за труд и социјална политика им го честита празникот Богојавление (Водици) на граѓаните од православната вероисповед.
