Германија
Министерката за одбрана Ламбрехт најави оставка
16.01.2023 13:27
Германската министерка за одбрана Кристине Ламбрехт Денеска побара од канцеларот Олаф Шолц да биде разрешена...

Германската министерка за одбрана Кристине Ламбрехт Денеска побара од канцеларот Олаф Шолц да биде разрешена што, според набљудувачите, претставува кулминација на растечкиот скептицизам за нејзината способност да ја среди германската Армија во форма во позадината на војната во Украина.
„Денеска побарав од канцеларот да ме разреши од функцијата федерален министер за одбрана“, рече Ламбрехт, која е член на Социјалдемократската партија на Шолц.
