Италија

Уапсен најбараниот мафијашки бос

16.01.2023 13:27

Италијанските карабинери го уапсија Матео Месина Денаро, најбараниот мафијашки бос во земјата, кој беше во бегство три децении...

Италијанските карабинери го уапсија Матео Месина Денаро, најбараниот мафијашки бос во земјата, кој беше во бегство три децении.

Шеесетгодишниот Денаро е осуден во отсуство на доживотна затворска казна за неговата улога во убиството на борците против сицилијанската мафија, обвинителите Џовани Фалконе и Паоло Борселино во 1992 година.