Недостиг на работна сила во источниот регион
Владата носи странски инвеститори во регион каде има изразен недостиг на работна сила и притоа со бенефициите кои им се нудат на странските инвеститори, го става домашното стопанство во нерамноправна позиција. Ова се реакциите на бизнисмените од источниот регион по најавата за отворање на нова фабрика за компоненти за автомобилската индустрија во Штип, во која за една година ќе се вработат 600 лица...

Секоја странска инвестиција е добредојдена, но не на штета на домашната економија. Домашните инвеститори реагираат на нерамноправната положба во која се ставени заради големите бенефиции кои државата ги нуди на странските инвеститори. Најавата за 600 вработувања во канадската компанија „Магна мехатроникс“ во индустриската зона во Штип го вклучи алармот за осипување на и така недоволната работна сила во трудоинтензивните дејности во источниот регион. Доколку инвеститорот е ослободен од плаќање придонеси за вработените, штетата е повеќекратна
Ослободување од придонеси текстилниот кластер бара само за невработените лица, а Организацијата на работодавачи бара транспарентност за бенефициите кои ги имаат странските инвеститори
Источниот регион долго време се соочува со недостиг на работна сила. За работа во големите компании во Штип се носат работници од сите околни општини, дури и од Малешевијата.
Славица Величковска
