Влада

Отворена постапка за нов директор на Управата за извршување санкции

16.01.2023 14:31

Премиерот најави дека владата отвора постапка за нов директор на Управата за извршување санкции. Ковачевски вели- не сум задоволен од работа на актуелниот, а како причина го потенцира бегството на затвореникот од Идризово по кого сè уште се трага...

Управата за извршување санкции ќе добие нов директор. Ковачевски не е задоволен од работата на директорот на санкции Марјан Спасовски, вели почнат е процес за избор на нов директор. Според премиерот, МВР реагирало соодветно и навремено.

ВМРО-ДПМНЕ бара одговорност од коалицијата на криминалот СДС-ДУИ. Од партијата прашуваат кои се организатори, а кои извршители на бегството.

Во Јавното обвинителство за организиран криминал и во МВР не информираа дека случајот е отворен, се трага по бегалецот, но засега немаат нови информации. Беким Мемети, осуденик поради убиство и за дилерство на дрога, од затворот Идризово побегна пред речиси пет денови на пат кон болница во близината на Скопје. Против затворските полицајци кои го обезбедуваа се покренати кривични пријави.

Александра Максимовска