Инфлацијата е најголем предизвик за 2023 година
Бизнисот очекува година со низа предизвици за решавање на енергетската и економска криза, уверува никој да не очекува да се намалат цените со исто темпо како што се зголемија. Власта уверува, со заеднички сили ќе се спречи ударот, Централна банка очекува стабилизација на инфлацијата на девет насто, банкарите најавија натамошно зголемување на каматите...

Бизнисот очекува година полна со предизвици за решавање на економската и енергетска криза. Инфлацијата е горлив проблем со кој ќе се соочуваме и во наредниот период.
На заедничка маса и Комората и Владата признаа дека комуникацијата помеѓу двете страни е слаба карика. Власта уверува дека никој нема да биде оставен, му вети на бизнисот дека заедно ќе ја надминат кризата, зачувување на работните места и задржување на ликвидноста на компаниите.
Време е да зборуваме за краткорочните приоритети, да не се дозволи да влеземе во рецесија и долгорочните, што ќе одговорат на предвидливоста, рече вицепремиерот Битиќи.
Банкарскиот сектор најавува и натамошно зголемување на каматите за домашната потрошувачка да се сведе на ниво што ќе доведе до рамнотежа на понудата на стоки и услуги. Централната банка смирува – инфлација ќе се стабилизира. Според гувернерката Бежоска, во овие услови на криза, фокусот е ставен врз макроекономските политики, но клучниот двигател на растот се структурните реформи.
Ние сме една од ретките држави во која има висока стапка на невработеност, а има недостиг на работна сила. И бизнисот и владата се едногласни дека мора итно да се најде решение, да се отвори можноста за увоз на кадар. Владата пак, уверува дека и во критична година, лани има реализација на 90 насто од проектираните капитални инвестиции-мотор на економијата. Годинава планира 800 милиони евра.
Ковачевски најави- се работи на нов концепт на книжење на инвестициите во моментот на нивната реализација и прием во употреба, а не кога се плаќа фактурата.
Марина Стојанова Тонева
