Шаќири: Треба да се одработат сите 180 работни денови
Поради продолжувањето на зимскиот распуст ќе се продолжи и крајот на учебната година. Министерот за образование Шаќири смета дека законски мора да се одработат сите 180 наставни денови...

Учениците на настава најверојатно ќе останат до 14 јуни. Поради продолжувањето на зимскиот распуст ќе се продолжи и крајот на учебната година. Министерот за образование Шаќири смета дека законски мора да се одработат сите 180 наставни денови. Дополнува дека поради подобро функционирање на училиштата решиле второто полугодие да почне од 23 јануари.
Од СОНК велат дека не е прифатливо за учениците да доаѓаат по 10 јуни на училиште. Според нив причината што владата и министерството донеле одлука за второто полугодие е заштеда на енергенси и спречување на ширење на грипот.
За загубените наставни часови во првото полугодие во училиштата каде што беа пратени пораки за наводно поставени бомби, Шаќири рече дека онлајн настава не е решение на проблемот бидејќи учениците повторно ќе треба да се вратат во училиштата. Министерот и натаму очекува сторителите да бидат откриени.
Ана Ј. Тодоровска
