„Мими“ со дополнителни проекции во Кинотека
„Мими“ е психолошка драма за девојка која потисната од родовите предрасуди во родниот крај доаѓа да живее во Скопје. Работи во трафиката кај својот вујко и повремено ќе се заинтересира за некој од муштериите.

Психолошката драма „Мими“, вториот игран филм на Даријан Пејовски, предизвика голем интерес кај публиката. Затоа Кинотеката резервираше дополнителни три проекции на филмот во рамки на јануарската програма. „Мими“ ќе биде прикажан на 18, 20 и 21 јануари со почеток во 20 часот.
„Мими“ е психолошка драма за девојка која потисната од родовите предрасуди во родниот крај доаѓа да живее во Скопје. Работи во трафиката кај својот вујко и повремено ќе се заинтересира за некој од муштериите.
Се запознава со екстровертната Сара и меѓу нив се раѓа пријателство што набрзо преминува во многу повеќе од искрено дружење без обврски. Минатото, болно и таинствено, заради кое побегнала во метрополата, пополека ѝ се враќа на Мими, ја мачи и опседнува.
Оваа копродукција е втор игран филм на режисерот Пејовски, а својата премиера ја имаше на филмскиот фестивал „Синедејс“ во Скопје, а досега е прикажуван на филмските фестивали во Пула, и Херцег Нови.
Фимот е во режија и сценарио на Даријан Пејовски, а играат Наталија Теодосиева, Тамара Ристоска, Оливер Митковски, Петар Мирчевски, Владимир Петровиќ.
