Намалувањето на ДДВ на сточна храна им ја врати надежта на сточарите
Владата донесе одлука да се намали ДДВ- то од 18% на 5% проценти за бебешки производи, училишен прибор, добиточна храна и жив добиток. Намаленото ДДВ за добиточна храна ќе предизвика пад на цената на млекото, месото, сирењето...

Родното место повторно му ја врати надежта за живот на Зоран Савовски од скопското село Брезица. Во 90- тите години останал без работа , сега е козар. Вели дека добро заработува. Со субвенции почнал да одгледува јариња и млеко во еколошкото село.Има четириесет грла, но вели стадото уште ќе го зголемува.
„На почетокот купив 5-6 јариња, станаа кози, потоа ги класирав, па така почнав...“, објаснува Зоран Савовски, козар од село Брезица.
Владата донесе одлука да се намали ДДВ- то од 18% на 5% проценти за бебешки производи, училишен прибор, добиточна храна и жив добиток. Намаленото ДДВ за добиточна храна ќе предизвика пад на цената на млекото, месото, сирењето. За Савововски ова значи дека ќе може да купи повеќе храна за своите кози.
„Мислам дека ќе биде поевтина храната, а со тоа и ќе се зголеми стадото“, вели Савовски.
Неговиот комшија Борис доаѓа за викендите, на чистиот воздух, вели да се подобрат условите многумина ќе се вратат во селото.
Прекрасната селска идила ја красат и двете цркви, кои овде опстојуваат со векови.
Катлановска Брезица е на само 30 километри од Скопје, но поради лошите услови во селото живеат само четворица жители.
Дијана Ценевска
