Леброн Џејмс стана вториот играч во историјата на НБА со 38.000 поени
16.01.2023 17:16
Триесет и осумгодишниот Леброн стигна до 38.024 поени, приближувајќи се до рекордерот во лигата на Карим Абдул-Џабар (38.387).

Ѕвездата на Лос Анџелес лејкерс, Леброн Џејмс стана само вториот играч во историјата на НБА-лигата кој достигнал 38.000 поени во кариерата.
На средбата со Филаделфија одиграна ноќеска (112:113), Џејмс постигна 35 поени, осум скока и 10 асистенции.
Триесет и осумгодишниот Леброн стигна до 38.024 поени, приближувајќи се до рекордерот во лигата на Карим Абдул-Џабар (38.387).
Џејмс ја мина границата од 38.000 во првата четвртина. По објавата, навивачите на Лејкерс му упатија овации на четирикратниот МВП, а тренер на Филаделфија, Док Риверс, го прегрна кошаркарот.
